Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен рече на годишниот прием за дипломатскиот кор дека европското семејство ќе биде целосно само со вклучување на земјите од Западен Балкан и истакна дека тековната година ќе биде важна за ЕУ.  Австрија се залага за приклучување кон Унијата на шесте земји од Западен Балкан.

Тој рече уште дека се надева дека повлекувањето на САД од Сирија нема да доведе до заострување на граѓанската војна. Ван дер Белен го критикуваше национализмот, унилатерализмот, отстапувањето од универзалните правни норми, повлекувањето од меѓународните договори, американската политика за климатски промени.

Ван дер Белен се заложи за конструктивен дијалог со Москва и оцени дека 2019 година ќе биде важна година за ЕУ, укажувајќи на Брегзит, како и на дискусијата за иднината на Унијата, изборите за Европскиот парламент и формирањето нова Европска комисија.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO