Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 до три денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините се намалуваат за 2,5 денари за литар и новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 58,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 60,5 денари за литар.

Дизел горивата поевтинуваат за три денари за литар. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) е 55, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 43,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 2,227 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 25,949 денари за килограм.

Причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати е пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и понискиот курс на денарот во однос на доларот.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO