Фирмите кои имаат блокирани трансакциски сметки ќе можат да вршат плаќања со пресметка на меѓусебните побарувања и обврски до крајот на оваа година. Измените на Законот за платен промет, со кој се предлага да се продолжи рокот е на дневен ред на денешната собраниска седница.

Со предложената одредба правните субјекти кои имаат блокирани сметки меѓусебното намирување на паричните обврски и побарувања преку компензација, асигнација, цесија и преземање долг ќе можат да го вршат и во текот на 2019 година, односно до 31 декември 2019 година.

Со постојните одредби од Законот за платниот промет е утврдено дека учесниците во платниот промет кои имаат блокирана сметка можат меѓусебното намирување на паричните обврски и побарувања преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг да го вршат до 31 декември 2018 година.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO