Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон се сретна со високи турски претставници , денеска во Анкараq за да ги расчисти прашањата околу американските намери во Сирија и да побара гаранции дека Турција нема да ги нападне сириските Курди, кои Анкара ги смета за терористи.

Тој се сретна со Ибрахим Калин, советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Болтон ќе побара гаранции дека Турција нема да ги нападне курдските милиции во Сирија, кои им се сојузници на САД во борбата против Исламската држава. Тој рече дека тоа е „условот“ за планираното повлекување на американските сили од североисточна Сирија.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO