Австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл посочи на прес-конференција за надворешната политика на Австрија минатата година, дека и покрај заморот од проширување, присутен во Франција и Холандија, Југоисточна Европа не треба да биде оставена настрана во вакуумот. Кнајсл е задоволна што во текот на австриското претседавање со ЕУ беа отворени нови поглавја во преговорите за пристапување на Србија и Црна Гора во Унијата.

Не е лесно да се добие поддршка во Хаг и Париз за европската перспектива на земјите од Југоисточна Европа, како што се Србија или Албанија. Нам тој регион географски и историски ни е поблизок, што не е случај со Холандија или Франција, рече Кнајсл и додаде, дека е многу е тешко да се убедат Холанѓаните и Французите дека Југоисточна Европа е дел од Европа.

Јас никогаш не зборувам за „земји од Западен Балкан“, бидејќи не ми се допаѓа тој термин, кој е вештачки поим. Покрај тоа, Балканот се сфаќа негативно, освен ако не станува збор за храна. Терминот политички има негативна конотација. Доследно говорам за Југоисточна Европа и за мене Музејот за современа уметност во Белград е дел од Европа, за мене Филхармонијата во Сараево е дел од Европа. Се чувствувам можеби поповрзана, врз основа на географската локација, на тој регион отколку некој, на пример, во Белфастрече уште Кнајсл и додаде дека нејзиното европско политичко срце јасно кажува дека Југоисточна Европа не може да се остави настрана во вакуум, но, во исто време, разбира дека во Холандија или Франција постојат различни видувања. Европа треба да се сфати како културен простор и врз основа на тоа да се дејствува, смета таа.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO