Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во четиридневна посета на Кина на разговори со претседателот Си Џинпинг. Според новинските агенции, тој вчера тргнал со воз од Пјонгјанг со сопругата Ру Сол Џу и високи функционери.

Кина е важен дипломатски фактор во чувствителните преговори за нуклеарните и ракетни програми на Пјонгјанг, со оглед на тоа што Пекинг и е главен сојузник и трговски партнер на Северна Кореја. На Ким Џонг Ун, кој, според непотврдени информации, денеска полни 36 години, ова му е четврта посета на Кина за една година.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO