Русинот Данијл Медведев се пласираше во финалето на тенискиот турнир во Бризбејн, откако го совлада во полуфиналето Французинот Жо-Вилфред Цонга по 7-6 (6), 6-2. 22-годишниот тенисер загуби само 10 поени на свој сервис во текот на целата игра, а во еден момент имаше серија од 17 последователни на свој.

Светскиот број 16, меѓутоа можеше да го изгуби првиот сет откако му дозволи на Цонга на два пати да се измолкне при заостанување од 0-40 и да поведе вп тајбрекот со 4-1. Потоа, финалистот од Австралија опен 2008 стигна до две сет топки, но помладиот од двата тенисери ги освои следните четири поени за да поведе во резултатот во сетови.

Цонга, кој се врати на теренот по седуммесечно отсуство поради операција на коленото, не успеа да се спротивстави на рускиот противник во вториот сет и загуби по 6-2 во гемови. Медведев, од своја страна, продолжува со силните игри откако победи во 38 натпревари во 2018 година – повеќе од кој било друг тенисер на турнирот.

Во финалето во Бризбејн тој ќе се соочи против Јапонецот Кеј Нишикори, кој се справи беспрекорно со отпорот на друг Французин – Џереми Шарди по 6-2, 6-2. Двајцата си разделиј по еден успех во претходните натпревари, додека Медведев го победи Нишикори на турнирот во Токио. Финалистот од Ју Ес Опен 2014 ќе се обиде да ја освои својата прва титула по речиси три години.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO