Седумнаесет од 19 централни банки во еврозоната од 27 јануари повеќе нема да издаваат банкнота од 500 евра – соопшти Европската централна банка. За да се обезбеди непречена транзиција, но и од логистички причини, Централната банка на Германија (Бундесбанка) и Централната банка на Австрија ќе продолжат до 26. април 2019 година да ја издаваат таа банкнота.

Постоечките банкноти во апоени од 500 евра ќе продолжат да бидат законско платежно средство, што значи дека граѓаните и понатаму ќе можат да ги користат за плаќање или за штедење. Банките, менувачниците и другите комерцијални странки ќе можат да ги зачуваат во оптек постоечките банкноти од 500 евра. Банкнотата секогаш ќе ја задржи својата вредност и ќе може во секој момент да се замени во која било банка во еврозоната.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO