Од 1 јануари сите земји членки на Европска унија мораат да ги применуваат новите законски мерки против даночна евазија. Овие мерки ги таргетираат пред сѐ големите мултинационални компании.

Со овие правила Европската комисија очекува да спречи голем дел од профитите на компаниите да се пренасочуваат кон земји каде не се оданочени. „ЕК конзистентно и долго време се бори против агресивното даночно планирање, оваа борба сѐ уште не е добиена, но ова претставува важен чекор во нашата битка против оние кои се обидуваат да ги искористат дупките во даночни системи на земјите членки за да избегнат да платат милијарди евра данок“, рече еврокомесарот за економија и финансии, Пјер Московиси.  Една од овие мерки е оданочувањето на профити, што биле преселени во земја со ниска даночна стапка, каде компанијата нема вистинска економска активност.

Други дополнителни мерки ќе стапат во сила од 1 јануари 2020.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO