Кинеска вселенска сонда без екипаж денеска слета на темната страна на Месечината во истражна мисија. Со тоа Кина стана првата земја која има објект на далечната страна на Месечината.

Сондата била лансирана на 8 минатиот месец и носи роботско возило дизајнирано да ја истражува површината на Месечината. САД од 1969 до 1972 година испратија 12 луѓе на Месечината, но ниту една од тие мисии не беа на темната страна, бидејќи од таму е невозможна директна комуникација со Земјата.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO