
Целогодишната манифестација со разновидни настани во Матера официјално ќе биде отворена на 19 јануари. Стариот дел од овој јужноиталијански град во покраината со Базиликата е на листата на светско наследство на УНЕСКО благодарение на древното градителство. Две области во градот (Сасо Кавеосо и Сасо Барисано) се познати по праисториските пештери, за кои има наоди дека биле населени 7000 години п.н.е. Се сметаат за најуникатни предели на Медитеранот.
Вториот по големина град во Бугарија – Пловдив, пак, се вбројува меѓу најстарите европски градови со историја долга повеќе од осум илјади години. Низ него поминувал најважниот воен римски пат на Балканот – Виа Милитарис. Римјаните изградиле многу јавни градби и денес може да се видат урнатини од тој славен период во неговата историја. Официјалното отворање на „Пловдив – престолнина на европската култура 2019“ ќе биде на 16 јануари. Според организаторите, целогодишната програма со мото „Заедно“ е структурирана во четири тематски целини поврзани со карактеристиките на градот – неговото културно наследство, историјата, ритамот на живот
