Борусија Дортмунд го продаде американскиот репрезентативец Кристијан Пулишиќ на Челзи за сума од 64 милиони евра, соопштува официјалниот сајт на „жолто-црните“. 20-годишниот фудбалер ќе ја доврши сезоната во Дортмунд и ќе премине кај „сините“ по крајот на сезоната. Договорот на Пулишиќ со вестфалци истекуваше по 18 месеци, а од клубот пишуваат дека играчот немал желба да потпише нов со оглед на интересот кон него од Премиер лигата.

„Секогаш му било мечта на Кристијан да игра во Англија. Затоа ние не успеавме да се договориме со него за нов договор и прифативме доста поволната понуда од страна на Челзи. Пулишиќ е играч со карактер. Сигурен сум дека тој ќе остане професионалец до крајот на престојот кај нас и ќе даде сè од себе за остварување на целите на клубот во оваа кампања „, се зборовите на спортскиот директор на Борусија Михаел Цорк.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO