Менаџерот на Фулам Клаудио Раниери упати исклучително тешки критики кон напаѓачот на тимот Абубакар Камара за тоа дека ги игнорирал наредбите на Италијанецот за време на дуелот со Хадерсфилд вчера.

На „Крејван Котидж“ двата тима, вмешани во битката за опстанок, се сретнаа еден против друг во клучен натпревар, а 10 минути пред крајот домаќините добија право да изведуваат пенал. Камара и првиот изведувач на пеналите Александар Митровиќ влегоа во спор кој да го изведува пеналот, откако на крајот Французинот шутираше слабо од белата точка и неговиот удар беше спасен, а самиот Митровиќ реализираше кон крајот на дуелот, за да донесе највредниот успех за Фулам.

„Пенал требаше да биде изведен од Митровиќ, а Камара не покажа почит кон мене, кон клубот, кон соиграчите и кон публиката. Не можам да верувам, тој само ја зеде топката и шутираше. Сакав да го убијам во тој момент“, призна Раниери по средбата. „Митровиќ успеа да постигне гол во вистинскиот момент на крајот на натпреварот. За нас овие три бода се многу важни и ни носат задоволство, бидејќи ние се боревме цврсто. Сега сепак треба да размислуваме за натпреварот за Арсенал и за следните натпревари“, додаде италијанскиот специјалист.

Со вчерашниот успех Фулам се искачи до 18-то место на табелата со 14 поени, додека Хадерсфилд останува на дното со само 10 поени.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO