Најстариот Американец, Ричард Овертон, почина во 113 година од животот, соопшти семејството. Како што се наведува, Овертон починал вчера во болница во Остин, Тексас.

Овертон бил во своите 30-ти години кога доброволно се пријавил во војска и се нашол во Перл Харбор непосредно по јапонскиот напад во 1941 година. Служел во 1887 баталјон на воздухопловното инженерство, кој бил составен исклучиво од црнци. Овертон својата долговечност им ја припишуваше на томпусите и на вискито. Поранешниот американски претседател Барак Обама во 2013 година му оддаде признание на Овертон на церемонијата по повод Денот на ветераните.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO