Повеќе од 8.834 милиони се посетите на странски туристи во Бугарија во периодот јануари-ноември оваа година. Растот кој се зема во предвид е 4,9% во споредба со истиот период на 2017 година, покажуваат податоците на Националниот институт за статистика, објавени денеска.

Резултатите се доказ за одржлив тренд на развој на туризмот и ги потврдуваат нашите прогнози за раст на секторот во 2018 година, коментираше министерот за туризам на Република Бугарија Николина Ангелкова. Таа посочи дека тие се и видливиот резултат од конзистентната политика за промовирање на Бугарија и нејината афирмација како целогодишна дестинација која нуди висококвалитетен и разновиден производ, соопшти прес-центарот на Министерството за туризам.

За 11-е месеци на 2018 година Романија е водечка за дојдовен туризам, како патувањата од Романија надминуваат 1,3 милиони, достигнувајќи раст од 23,3 отсто. Посетите од Грција се над 1,020 милиони, од Германија близу 833 илјади, а од Турција – 580 илјади. Македонија го зазема 5-то место на листата на топ пазарите со близу 520 илјади туристички посети и 3,2% пораст.

Странските туристички посети од Полска се близу 418 илјади, што претставува зголемување од 7,5%. Повеќе од 390 илјади се патувањата од Србија, што е раст од 8,3 отсто во однос на јануари – ноември 2017 година. Патувањата од Велика Британија се 375,6 илјади, растот е 14,6%, а посетите од Украина се близу 369 илјади со зголемување од 25,1 отсто. Со 18,8 отсто повеќе се патувањата од Израел во периодот януари- ноември 2018 година во однос на истиот месец претходната година.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO