Во последните години, Србија постојано и упорно е во конфликт со соседите, официјален Белград е вмешан во провоцирањето на хаосот во Македонија.

Коментар на Миливое Бешлин, „Авангарда“, Босна и Херцеговина

Откако радикалите дојдоа на власт во Србија, состојбата на Балканот сериозно се дестабилизира. Нивото на напнатост сега е повисоко отколку во 2012 година.

Официјална Србија постојано влегува во ограничени и краткорочни конфликти со речиси сите земји од регионот, правејќи го тоа циклично и постојано. Белградскиот режим е олицетворение на Орвеловата „двоминутна омраза“. И додека сите останати земји од регионот, без оглед на привремени несогласувања, сепак одржуваат добрососедски односи, во последниве години Србија постојано и упорно е во конфликт со соседите. Во блиските до режимот медиуми и официјални извори, објектите на омраза само се менуваат: Македонци, Албанци, Црногорци, Косовци, Бошњаци, Хрвати и повторно сите по ред.

Последен пат тоа заврши лошо. Независно од намерата на неговите автори Меморандумот на Српската академија на науките и уметностите стана предвесник на конфликт и тлеен фитил на бомба, изложена под Југославија. Фактички тој го покрена српскиот прашање во Југославија, а да не заборавиме дека српските националисти настојувале кон тоа уште во крајот на 60-тите години на минатиот век. Покрај тоа, територијалното прашање исто така беше адресирано. Границите внатре во југословенските републики, иако не беа признати на меѓународно ниво, во земјата се сметаа за државни, бидејќи републиките беа федерални држави внатре во федеративна Југославија, во согласност со „еманципираниот“ карактер на југословенскиот социјализам.

Распаѓањето на Југославија

Во 1991 година комисијата Бадинтер едногласни ги потврди основните принципи на југословенскиот федерализам: распадот на Југославија може да се оствари, потпирајќи се на принципот на самоопределување, но со запазување на границите меѓу земјите-републики. Токму поради тоа уште од втората половина на 60-тите години и во текот на радикалните реформи на федерацијата и уставните измени, српските националисти се обидоа да ги стават под сомнение републичките граници, нарекувајќи ги административни, приближни, неправедни, неисториски, неприродни, па дури непотребни.

Ова вештачки го влоши националното прашање. Сомневањата за законитоста на федералните граници ќе бидат проследени со промена на републичките. И кога ќе се променат, некој ќе го изгуби во еден случај, а друг ќе победи. Затоа овој процес не се случуи мирно.

Продолжението е познато. Србија „од три дела“, која со доаѓањето на власт на Милошевиќ стана „цела“ и неделива, се обиде да ги подели сите други републики. Стремејќи се да уништи границите утврдени уште од комисиите на АВНОЈ (Антифашистичко собрание за народното ослободување на Југославија), по сите неуспеси и порази Србија ги сведе своите напори до тоа да ја зачува сопствената (воспоставена уште од АВНОЈ) јужна граница во Косово. Така приказната се врати како бумеранг.

Современа Србија не се помури со своите порази. Верувајќи дека сите порази се резултат на меѓународен заговор и неповолни геополитички околности, српскиот национализам, како и досега, се надева на реванш. И тоа ќе биде можно кога ќе се смени ситуацијата во меѓународната сцена. Светската економска криза, дефицитот на европските идеи и делегитимацијата на ЕУ, Брекзит на Велика Британија, победата на Трамп во САД и агресивното и непредвидливо однесување на путинова Русија во постсоветскиот простор – сето тоа ја создаде во умовите на српските националисти илузијата дека меѓународната ситуација се менува и дека оваа шанса се приближува. Затоа се обновија многу реваншистички идеи и планови.

Откако радикалите дојдоа на власт во Србија, состојбата на Балканот беше сериозно дестабилизирана. Нивото на тензија сега е каде-каде повисоко отколку во 2012 година.

Официјална Србија постојано влегува во ограничени и краткорочни конфликти со речиси сите земји од регионот, правејќи го тоа циклично и постојано.Белградскиот режим е инкарнација на „двеминутната омраза“ на Орвел. И додека сите останати земји од регионот, независно од привремените разлики, сепак одржуваат добрососедски односи, во последниве години Србија постојано и упорно е во конфликт со соседите. Во наредните до режимот медиуми и официјални извори објектите на омраза само се менуваат: Македонци, Албанци, Црногорци, Косовци, Бошњаци, Хрвати и повторно сите по ред. Балканските Срби повторно се користат за дестабилизација на земјите во кои живеат. Таквата политика – навистина придружена со вооружени немири – е особено трагична во последната деценија.

Националистички влади

Каква е реакцијата на земјите од регионот на реваншистичките и провокативни активности на официјалнен Белград?

Пред националистичките влади во Загреб и Приштина се појави повод да се претстават повторно како незаменливи бранители и спасители на народот и државата. Кога во Македонија беше направен обид за државен удар со примена на насилство врз демократско избраното мнозинство во парламентот, а Зоран Заев со окрвавена глава едвај се спаси од паравоена единица од насилници, кои упаднаа во зградата на парламентот, а таму беше забележан еден српски агент.

Луѓето кои имаат познавање тврдат дека тоа е само врв на ледениот брег: официјален Белград е вмешан многу посериозно во провоцирањето на хаос во Македонија. Независно од сето тоа премиерот Заев говори за братски односи и ја игнорира кампањата, која, следејќи го примерот на Гебелс, се води веќе многу месеци против премиерот од националистичките и русофилски медиуми блиски до режимот во Белград.

И Црна Гора, исто така, не успеа да го избегне ова. Српските провладини медиуми направија своја мета, лидерот на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ. Државниот весник „Политика“ во една од статиите поставува прашањето зошто Пуканиќ (кој беше убиен кај неговото сопствено издаваштво „Nacional“) е мртов, а Ѓукановиќ е уште жив

А премиерот Душко Марковиќ прави апликации, во кои, игнорирајќи ја реалноста зборува за односите меѓу Црна Гора и Србија како за речиси идеални и најдобри во последните 20 г.

Во исто време во изданието на режимот „Политика“, многубројни аналитичари и загрижени за судбината на земјата интелектуалци блиски до властите, систематски ја предвестуваат потребата за подигање на српското прашање во Црна Гора и за спасување на црногорските Срби, кои едвај преживуваат во услови на „терор“, создаден од најновиот член на НАТО. Ако додадеме дека владата на Вучиќ одвои 3,4 милиони евра за изградба на т. Нар. Српска куќа во Подгорица, која ќе биде предадена на лидерот на Демократскиот фронт (врз оваа партија се покренати обвиненија во врска со обидот за државен удар и за убиство на премиерот во 2015 година на денот на изборите), тогаш се поставува прашањето што би се случило ако односите не беа „најдобри“.

Не треба да се заборави и поддршката што официјален Белград ја покажува на криминални и сепаратистички режим на Додик, секојдневно и систематски се стреми кон распадот на Босна и Херцеговина, а исто така и намерно го комплицираат животот на сите нејзини граѓани. Непотребно е да се зборува за незрелата и потисната реакција на владејачките сараевски политичари во однос на овие презиви.

Објавена декларација со помпозност

Во таква ситуација после настанот од годишнината од операцијата „Бура“, Александар Вучиќ ги собра во Нови Сад регионалните српски раководители. На средбата на 4 август беше прогласена Декларацијата за заедничка акција и утврдување на принципите потребни за постоењето на српската нација и српскиот народ. Оваа изјава, како што рече Вучиќ, „e еден вид програмски документ, подготвен од Србија и Република Српска“. Се вели дека документот се однесува на културата, кирилицата, историјата, идентитетот и слично.

Неизбежно се поставува прашањето со каква цел високиот претставник на власта со таква помпозност ја анонсира оваа декларација, откако таа се однесува исклучително до културни прашања. Во интерес на вистината треба да се каже дека никаде на Балканот ниту српската култура, ниту кирилицата се потиснати.

Се чини дека вистинските цели лежат во нешто друго што не е кажано. Одреден дел од општеството гледа во оваа декларација уште неоформен текот на великосрпска политика. Декларацијата повторно ќе провоцира несогласувања и страв на Балканот, го зголемува степенот на напон и недоверба, нагласува дека границите во Југоисточна Европа не се конечни, што значи дека и војните не се завршени засекогаш. Што се однесува до домашната политика, декларацијата уште повеќе го обединува општеството на националистичка основа.

Не треба да се заборави неспособноста на владејачката елита да одговори на реалните повици на општеството. Во Србија има минимален економски раст во регионот и најниска просечна плата. Но при тоа Србија, заедно со Хрватска и Босна, е една од водечките земји во Европа побројот на младите луѓе, кои емигрираат од земјата или се подготвуваат да ја напуштат.

Како и секогаш, кога реформите завршуваат со неуспех, кога пресушуваат сите пропагандни слогани и се девалвираaт сите предизборни ветувања, владејачките кругови во Србија се враќаат кон она што им е најблиско – кон национализмот како единствена традиција за универзален одговор на сите проблеми.

Руски волонтери- доброволци

Светската заедница – првенствено хетерогениот и незаинтересиран Запад – засега не формулира јасен одговор на опишаните трендови на Балканот. Несомнено е дека Западот нема потреба од нестабилност. Србија продолжува да се стреми кон поделбата на Косово, добивањето на независност на дел од Босна и Херцеговина, дестабилизација на Македонија, дискутирање на српското прашање во Црна Гора со помош на радикализацијата на антивладини опозиција и продлабочување на тензиите во Хрватска.

И секој нов обид на власта во Белград да го постигне тоа, сериозно се заканува на кревката стабилност на Балканот и го подрива влијанието на ЕУ и западните интереси во регионот.Во врска со тоа е лесно да се претпостави дека со продолжувањето на уништување на Балканот е заинтересиран само Кремљ.

Доброволните руски соработници во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија не го кријат тоа. Треторазредните руски емисари и пропагандисти, како и добро платените пиони во медиумите се прекрасно познати на сите. Мир нема да има додека соодносот на силите на Балканот не се промени во корист на оние кои оддаваат претпочитање на Русија. Доказите и цитатите, потврдувајќи го горенаведеното, се многу и тие често може да се најдат во медиумите, кои, користејќи ја пропагандата (тие ја совладаа во времето на советскиот царски тоталитаризам), поставуваат т.н. мека сила на постмодернисткиот сталинизам од Москва.

Избрзувајќи малку во времето може да се каже дека под покровителство на Русија, Србија се подготвува за нова прераспределба на Балканот. И би било погрешно да се игнорираат јасните сигнали за тоа каква ќе биде архитектурата на регионот и политиката, кога овие намери на властите се реализираат. Одредени сили се подготвуваа уште во крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години да го отворат повторно српското прашање и да се дојде до откажување од границите утврдени од АВНОЈ.

Овие планови сепак го очекуваа својот час и беа реализирани дури во крајот на 80-тите години.Во очекување на поповолна ситуација националистите водеа системска работа на домашната хомогенизација на општеството и се подготвуваа за реализирање на големи проекти. Методите во тоа време не се одликуваат особено од современите, а подготовката на општеството, што овој пат нема резерви и потенцијал за конфликт, продолжува.

Поради тоа во пресрет на посетата на Александар Вучиќ во Сараево, каде што и онака ќе стане збор за добрососедски односи, не треба да се заборави: „Плашете се од Данајците кои носат дарови“.

 

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO