Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба, Александар Трајковски, кој беше снимен на фотографија со поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта, на денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ во кој е еден од обвинетите, рече дека бил во Унгарија поради специјалистички преглед за синусите и дишните патишта. Трајковски во Будимпешта заминал по второ мислење за неговата болест, за што приложил и медицинска документација пишува slobodnaevropa.mk.

Александар Трајковски е вработен во Царинската управа, од каде соопштија дека во времето кога беше објавена фотографијата тој бил на боледување. Од Царината најавија дека е поведена постапка за утврдување дали боледувањето му е оправдано и оти ако се утврдат злоупотреби ќе бидат преземени соодветни мерки.

Фотографијата од Груевски, на која е и Трајковски, беше снимена и објавена од дописник на „Гардијан“ од Будимпешта и е прв фото запис од поранешниот премиер по бегството во Унгарија.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO