Ако во светот има држава, која не треба да има армија, тогаш тоа е Србија.

Ова го изјави претседателот на парламентарната група на Демократскиот сојуз на Косово, Авдулах Хоти. Неговата изјава е по повод коментарите на српскиот претседател Александар Вучиќ за претстојното создавање на армија на Косово.

„Ако на некоја држава во светот треба да и биде забрането да има армија, тогаш тоа е Србија. Вашата војска г-дин Вучиќ и г-ѓо Брнабиќ е целосно компромитирана. Таа сеуште е со окрвавена раце. Целиот свет знае дека токму вашата војска изврши етничко чистење и геноцид, силување деца и жени во Косово, Босна и насекаде „, напиша шефот на најголемата опозициска парламентарна група. Хоти побара Србија да им се извини на Косово, на Босна и на сите за причинетите трагедии. „Идната армија на Косово ќе биде армија која ќе го гарантира мирот“, напиша тој.

ТАТКОВИНА потсетува дека на 14 декември косовскиот парламент се очекува да ги усвои новите закони кои ќе ги трансформираат сегашните безбедносни сили (ФСК) во армија. САД и Велика Британија отворено го поддржаа создавањето на косовската армија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO