Тимот на Чикаго Булс ја победи Оклахома Сити Тендер со 114: 112 на домашен терен во натпревар од регуларната сезона на НБА.

Во „Јунајтед Центар“ ѕвездата на Тендер Расел Вестбрук направи одличен натпревар и забележа трипл-дабл – 24 поени, 17 скока, 13 асистенции и 4 украдени топки, но тоа не беше доволно за успех на неговиот тим против последниот на табелата на Истокот. Дуелот мина низ многу пресврти, а Булс водеа со 10 поени на полувремето, но непосредно пред крајот на третата четвртина гостите пак имаа предност од 10 поени. На крајот силна последна четвртина на домаќините им овозможи да стигнат до успех со два коша разлика и да запишат шестата победа од почетокот на сезоната, со што се извлекоа од дното на табелата во Источната конференција. Оклахома, со 16 успеси и 8 порази, е рангирана на четвртото место на Западот.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO