Француската полиција употреби солзавец во обид да ја растера огромната толпа демонстранти од движењето „жолти елеци“, соопштува Ројтерс. Демонстрантите се собраа за четврти последователен викенд во Париз, во знак на протест против економската политика на Емануел Макрон, кого го опишаа како „претседателот на богатите“.

Маршот на „жолтите елеци“ се насочи кон амблематичниот булевар „Шанз Елизе“ во самото срце на француската престолнина, кој беше блокиран од полицијата. Токму таму станаа и првите судири со органите на редот.

Непосредно пред почетокот на протестите полицијата приведе 354 лица кај кои се пронајдени маски, плочи и коктели „Молотов“, и кои се осомничени за поттикнување на немири.

На улиците на Париз патролираат близу 8 000 полицајци и најмалку 12 оклопни возила. Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер веќе изјави дека властите ќе „пројават нулта толеранција“ наспроти насилството..

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO