Соединетите држави ги поддржуваат косовските потези за формирање регуларна армија, со забелешка дека станува збор за процес кој ќе трае неколку години. Ова го изјави американскиот амбасадор во Приштина Филип Коснет во интервју за РТК на неколку дена пред гласањето во косовскиот парламент во врска со ова прашање. Неколку часови претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека планот на Косово не е во добро време и е против ставот на повеќето членки на Алијансата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO