Играчот од средниот ред на Фенербахче и македонски репрезентативец Елиф Елмас е трансферна цел на Реал Мадрид. Според информациите, Реал Мадрид е подготвен да плати 20 милиони евра за играчот, клаузулата за откуп во договорот изнесува 23 милиони евра.

Конкуренти на Реал се неколку европски тимови, вклучувајќи ги и Пари Сен Жермен, Тотенхем, Борусија Дортмунд, Рома. Оваа сезона, Елмас учествуваше во 14 натпревари од Турската Супер лига, во која постигна еден гол. Фенербахче е само 15 во пласманот по 14 круга со актив од 14 поени. Елмас  произлегува од младинската школа на Работнички, а неговата кариера во Турција започна летото 2017 година. Тој има 8 натпревари за репрезентацијата на Македонија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO