Француските власти се подготвуваат за можни големи насилства в сабота за кога се најавени нови протести во Париз и во други градови во рамките на движењето „Жолти елеци“ од каде што засега не реагираат на повиците за смирување. „Имаме причини да стравуваме од големи насилства“, е предупредено синоќа од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.

Движењето „Жолти елеци“ кое почна да протестира пред три недели ги отфрли првите отстапки на владата, меѓу кои, и намалување на даноците за бензините. Во текот на изминатиот викенд беа забележани најголемите нереди во Франција по повеќе децении.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO