Ова го изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Бугарија Екатерина Захариева за БТВ. Таа рече дека има испратена покана.

Папата никогаш не патува во само една земја, рече Екатерина Захариева, додавајќи дека подготовките за посетата биле сериозни.

Информацијата за посетата на поглаварот на Римокатоличката црква стана позната уште во почетокот на октомври, кога прво претседателот Радев разговараше со апостолскиот нунциј во Бугарија Анселмо Гвидо Пекорари, а ден подоцна со него се сретна и премиерот Бојко Борисов. За време на разговорите и во претседателството, и во владата, беше разговарано за можноста папата Френциско да ја посети нашата земја, дополни Захариева

Подоцна аргентинската државна агенција ʺТеламʺ, цитирајќи извори во Ватикан, информира дека освен Бугарија, папата ќе ги посети и Македонија и Романија. Мини-балканската турнеја на духовниот водач на католиците ќе започне во Македонија на почетокот од мај.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO