Соединетите држави планираат да испратат воен брод на Црно Море и тоа е потег што доаѓа за време на растечките тензии меѓу Украина и Русија, соопшти CNN.

Пентагон побарал од Стејт департментот да ја информира Турција за плановите американски воен брод да мине низ Босфорот.

Сите земји кои не излегуваат на Црно Море мора да ја информираат Турција 15 дена пред да го направат тоа. НАТО кој има неколку членки кои излегуваат на Црно Море постојано испраќа воени бродови да патролираат на Црно Море и покрај загриженоста на Русија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO