Светски лидери и достоинственици се собраа во Вашингтон на државниот погреб на поранешниот претседател Џорџ Буш. 41-от американски претседател почина на 30-ти ноември на 94-годишна возраст. Во говорот неговиот син Џорџ Буш, кој исто така беше претседател на САД, му оддаде почит на својот татко, опишувајќи го како „благороден човек“.

На погребот присуствуваа уште тројца други поранешни претседатели на САД – Џими Картер, Бил Клинтон и Барак Обама – со нивните сопруги. Присутни беа и претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп. Но, Трамп, кој му се потсмеваше на семејството Буш во минатото, не зборуваше на погребот. Тоа е за прв пат од 1973 година, американски претседател да не зборува на погреб на починат претседател.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO