Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во интервју за грчката телевизија Антена, во врска со изјавите на премиерот Зоран Заев за евентуално изучување македонски јазик и во Грција, рече дека да бил сè уште министер „ќе го потегнел за уши на сите начини, и од НАТО, од Европската унија и од Нимиц“.

Две работи се важни во Договорот од Преспа и го прочита членот од договорот дека ниту една од земјите нема да се меша во внатрешните работи на другата страна, рече Коѕијас и уште: „За тоа кој јазик ќе се изучува во Грција е во наша надлежност. Не е нивна работа“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO