Религијата е помалку важна за Европејците, отколку за луѓето во Африка, Латинска Америка или САД, покажуваат резултатите од анкетата на институтот Пју. Истовремено истражувањето забележало и големи разлики меѓу одделни држави во Европа.

Најрелигиозни на Стариот континент се Романците. Педесет и пет % од анкетираните во Романија одговориле дека се многу религиозни. Во Италија 27 % од луѓето изјавиле дека се религиозни, во Германија само 12 %, Чесите и Данците осум % и Естонците едвај седум %.

Според анкетата, Германците се покажале како најголеми скептици во однос на постоењето на Господ, бидејќи само 10 % од нив се „сосема сигурни“ во тоа. Спротивно на нив, пак, 79 % од Ерменците веруваат дека Бог постои, како и граѓаните на БиХ (73 %). Полјаците во анкетата дури 61 % се изјасниле дека посетуваат црква и присуствуваат еднаш неделно на црковна литургија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO