Бугарската Влада соопшти дека нема да се приклучи кон Договорот за миграција и нема да учествува на конференција за негово усвојување на 10 и 11 март во Маракеш. „Владата одлучи да се воздржи од пристапување кон Глобалниот договор за безбедни, уредени и регулирани миграции“, се вели во соопштението на бугарската Влада.

Софија нема да испрати официјални претставници на меѓувладината конференција за ова прашање во Мароко. Бугарија веќе постави жичана ограда долж границата со Турција, од каде доаѓаат мигрантите.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO