1927 година во Скопје започнува процесот против 20 студенти од различни универзитети во српско-хрватското кралство уапсени по разоткривањето во Македонската младинска тајна организација, создадена со цел да и помага на ВМРО во борбата за ослободување на Македониjа. Меѓу судените се Димитар Ѓузелов од Дојран, Борис Андреев, Петар Хаџипанзов и Георги Хаџиманев од Велес, Штерјо Боздов од Крушево, Димитар Чатров, Харалампи Фукаров и Кирил Кузманов од Прилеп, Кирил Вангелов, Кирил Караджов, Емануел Чучков, Тодор Гичев, Благој Монев, Тодор Христов и Христо Хаџикимов од Штип, Борис Светиев од Битола, Јордан Сапунџиев од Скопје, Димитар Нецев од Струмица и Иван Шопов од Гевгелија.Поради широкиот одзвук во странство, не се изречени смртни казни.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO