Словачкиот премиер Петер Пелегрини соопшти денес дека Братислава протерала кон крајот на минатиот месец рускиот дипломат за шпионажа.

„На 22 ноември, дипломатскиот службеник во канцеларијата на руското воено аташе беше прогласено за ʺперсона нон-грата“, изјави Пелегрини за новинарите. „Тој извршуваше шпионска дејност против интересите на Република Словачка и НАТО“.

Премиерот додаде дека дипломатот ја напуштил земјата во рок од 48 часа.

Портпаролот на словачкото Министерство за надворешни работи не даде повеќе информации пред репортер на АФП.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO