Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер ги повика, како што рече, „разумните жолти елеци“ в сабота да не се собираат во Париз и предупреди дека ќе го зголеми бројот полицајци на улиците.

По нередите во минатиот викенд Кастанер во говорот во францускиот Сенат побара воздржување од насилни протести. За да го смири големото незадоволство, француската влада за шест месеци го одложи поскапувањето на бензинот, струјата и гасот.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO