Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер во Сараево изјави дека Македонија би можела да се приклучи на НАТО до средината на 2020 година, доколку го спроведе Преспанскиот договор и со тоа го реши повеќедеценискиот спор со Грција. Според него, Македонија би можела да стане 30-та членка на НАТО „најрано за 18 месеци“.

Палмер изрази загриженост за руското, „силно влијание“ во регионот на Западен Балкан, вклучувајќи ги и напорите за поткопување на напорите на Владата и институциите на Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО: „Не е на Русија да одлучува што Македонија може или не може да направи во однос на начинот на нејзината интеграција во европските и евроатлантските институции. Напорите да се поткопа изразената волја на граѓаните на Македонија се дестабилизирачки и му штетат на мирот и безбедноста во регионот“, рече Палмер. 

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO