Рускиот претседател Владимир Путин денеска рече дека планот на Вашингтон да се повлече од Спогодбата за нуклеарни сили со среден дострел од 1987 година е лоша одлука и оти и Москва ќе го следи нивниот пример.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, соопшти дека Русија добила официјално известување од Вашингтон дека САД имаат намера да се повлечат од Спогодбата, ако Москва не почне да го почитува договорот. Таа изјави дека во известувањето се наведуваат неодредени докази за прекршување на договорот, кои ги нарече шпекулации. Таа рече дека Русија секогаш го почитувала договорот, кој го смета за „еден од клучните столбови на стратешката стабилност и меѓународната безбедност“.

Путин рече дека САД сакаат да ја искористат Русија како жртвено јагне за пропаѓањето на договорот, обвинувајќи ја за прекршување.

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, пак, ги повика Русија и САД да ја зачуваат Спогодбата потпишана за време на Студената војна.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO