Поранешниот премиер Никола Груевски, кој се крие во Унгарија, денеска доби нов 30-дневен притвор и за случајот „Титаник“.

Судијата Осман Шабани, претседател на Судскиот совет на денешната седница на Кривичниот суд, во однос на предлогот за определување мерка притвор на Груевски рече дека советот донел одлука да се определи мерка притвор на обвинетиот за период од 30 дн, јави МКД.МК.

Денешното сослушување на „Титаник“ продолжи со читање на СМС пораки. Поголемиот дел од нив се меѓу него и обвинетите Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска и се однесуваат за организирање на гласачи од дијаспората за изборите во 2011 година.

Од СМС комуникацијата се разбира дека била договорена изработка на пасоши и бирање на гласачи и кандидати преку дипломатските претставништва во странство, но и за активности за организирање на гласачи во институциите.

Во судницата исто така беше присутен и технички советник од страна на одбраната.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO