Претседателот на Комисијата за безбедност Ермонела Фелај изјави дека албанските власти започнале истрага за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски низ Албанија. Вчера членовите на Комисијата за безбедност ги посетиле царинските служби на граничниот премин Хани Хати, соопштува порталот ʺЛајмʺ.

„Како се случило преминувањето, од каде влегол, дали имало налог за пронаоѓање во моментот кога ја преминал Албанија? Тоа не е предмет за членовите на Комисијата за безбедност. За случаојот се води истрага „, рече таа, додавајќи дека обвинителството треба да даде одговор за своето становиште.

„Претходно бев обвинетел и само истражните органи можат да дадат одговор на тоа“, рече таа.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO