Поранешниот број 4 во светот Рихард Крајчек смета дека Новак Ѓоковиќ е подобар од Роже Федерер и Рафаел Надал. Победникот од Вимблдон во 1996 го споредува не бројот на нивните титули, а нивното претставување, кога се во топ спортска форма. Според него, Србинот има предност пред другите ривали.

„Ако зборуваме за постигнати резултати и времетраење на кариерата, ќе кажете Роџер. Но кога се во најдобра форма, Ѓоковиќ е подобриот и во поголемиот дел од времето победува во повеќето случаи“, објави Крајчек пред Tennis World USA.

Новак ја заврши сезоната 2018 како број 1 и има предност во директните дуели против 15 од тенисерите во сегашниот топ 20. Против други четворица балансот победи – порази е едаков, а само Стефанов Циципас е со позитивен биланс. Тие само еднаш играле досега.

„Ѓоковиќ е непобедлив кога е на врвот на своите можности. Федерер игра 20 години на едно неверојатно ниво, што е неверојатно, но Новак има четири титули од Гренд слем една по друга. Надал и Федерер не правеле такво нешто“, додаде Крајчек , кој е директор на турнирот ATP 500 во Ротердам.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO