По повод 100-годишнината од смртта на Митрополит Герасим Струмишки, Бугарски Културен Клуб-Скопје и Фондација Бугарска Памет организираа панихида во негова чест, во Црквата Св.Кирил и Методиј во Струмица.

Милен Врабевски, Претседател на „Фондација Бугарска Памет“ се обрати кон присутните:

„Нашата задача тука е да направиме уште еден чекор кон приближување, побратимување, за да може децата да се научат да живеат во љубов, разбирање и секое едно од нив да знае дека треба да вложи кон развитокот на сопственото општество, независно од која страна и да е на границата. Важно е на прво место да сме луѓе.“

 

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO