Станаа јасни ривалите на Македонија за квалификациите за Европското првенство во фудбал во 2020 година Ждрепката во Даблин определи Македониjа да спорат со тимовите на Полска, Австрија, Израел, Словенија и Латвија во групата G.

На ждрепката учествуваа сите 55 земји-членки на УЕФА.

Има 10 групи со по пет и шест тима и 20 екипи ќе се квалификуваат на Европското првенство. Натпреварите од квалификациите ќе се одиграат меѓу март и ноември 2019 година. За првпат Евро 2020 ќе се одржи во 12 градови од цела Европа од 12 јуни до 12 јули. Легендарниот стадион Вембли во Лондон ќе биде домаќин на полуфиналето и финалето на турнирот. Евро 2020 ќе ја одбележи 60-годишнината од основањето на континенталниот турнир.

Еве ги градовите домаќини на Еуро 2020 – Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим, Санкт Петербург.

Целосна ждрепка за квалификациитр за Евро 2020:

Група А

Англија

Чешка Република

Бугарија

Црна Гора

Косово

Група B

Португалија

Украина

Србија

Литванија

Луксембург

Група C

Холандија

Германија

Северна Ирска

Естонија

Белорусија

Група D

Швајцарија

Данска

Ирска

Грузија

Гибралтар

Група Е

Хрватска

Велс

Словачка

Унгарија

Азербејџан

Група F

Шпанија

Шведска

Норвешка

Романија

Фарски Острови

Малта

Група G

Полска

Австрија

Израел

Словенија

Македонија

Латвија

Група H

Франција

Исланд

Турција

Албанија

Молдавија

Андора

Група I

Белгија

Русија

Шкотска

Кипар

Казахстан

Сан Марино

Група Ј

Италија

Босна и Херцеговина

Финска

Грција

Ерменија

Лихтенштајн.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO