Шампионот на Германија Баерн Минхен ја прекина негативната серија од три натпревари без победа во Бундеслигата откако победи со 2: 1 со Вердер Бремен во натпревар во 13-тиот круг на шампионатот. Двата гола за Баварците го постигнаа Серж Гнабри (20 и 50 мин), а за домаќините голот го постигна јапонскиот репрезентативец Јуја Осако (33 мин.). Во продолжението на натпреварот, централниот одбранбен играч на Вердер Никлас Мојсандер, доби втор жолт картон и беше протеран.

Баерн го започна натпреварот подобро и пропушти неколку шанси пред Серж Гнабри да го отвори резултатот по неубедливата интервенција на голманот Павленка. Следеше импулс во играта на Вердер, кои успеаја да израмнат со голот на Осако. Тој го искористи недоразбирањето помеѓу Нојер и Жером Боатенг и го пречека центрирањето од левиот агол од Августин со глава. Во второто полувреме Баерн поведе, но не и без помош на среќата. Томас Милер центрираше една топка по земја која Мојсејдер се обиде да ја исчисти, но ја испрати на ногата на Гнабри и по рикошет таа влезе во мрежата за крајниот резултат 1: 2.

Со успехот, Баерн е привремено на третото место со 24 поени. Вердер пак нема победа петти круг по ред, но сепак е на осмото место со 18 поени. Во друг натпревар, Борусија Дортмунд немаше проблеми на свој терен со Фрајбург и победи со 2-0. Марко Ројс од пенал и Пако Алкасер ја донесоа победата на „жолто-црните“, кои и понатаму остануваат на врвот на табелата со 33 поени. Еве ги другите резултати:

Хановер 0-2 Херта

Штутгарт 1-0 Аугсбург

Хонфенхајм – Шалке од 18:30

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO