Американскиот претседател Доналд Трамп не се интересира за меѓународна соработка. Останатите земји од Г20 поинаку гледаат на нештата. На самитот во Аргентина може да пукне тиквата, пишува Deutsche Welle.

Сега веќе 13-тиот самит на Г20 кој овој пат ќе се одржи во аргентинскиот главен град Буенос Аирес, е првиот во Латинска Америка. Претседателот на земјата домаќин, Маурицио Макри, кој се соочува со финансиска криза во својата земја, сака на 20-те најважни економии на светот да им ги приближи проблемите на земјите од неговиот континент. „Мора да им објасниме дека имаме свет во кој дупката на неправди станува се поголема наместо помала и тоа насекаде“. Макри најави: „Правиме Г20 од која треба да има корист секој човек“. Педро Вилагра Делгадо, главниот преговарач на Аргентина, заедно со 19 колеги со месеци го подготвува самитот. „Тоа би требало да се подразбира, но не е така. Мора да има закучоци од самитот кои ќе го подобрат ќивотот на сите луѓе.“ Г20 овој пат нема да зборува за иднината на работата во дигиталното опкружување, туку за образование, одржлив развој и сигурноста на прехранбените производи.

На Делгадо, кој е искусен дипломат, му е јасно дека друга тема и пред се друг претседател, односно Доналд Трамп, ќе го привлече вниманието на сцената. Со неговата трговска политика Трамп влезе во конфликт со трговкси партнери како Кина и ЕУ. Казнени царини и трговски конфликти придонесуваат да се намали трговија во светот, предупредува првата жена на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Легард во пресрет на самитот. „Секако дека покажува кои се последиците врз трговската моќ. Во најлош случај според нашите проценки ќе падне за 0,5 проценти на светско ниво.“

Канцеларката Ангела Меркел и многу други планираат во Буенос Аирес да се заложат за фер и слободна трговија во светот. Во моментов се чини дека самитот ќе се одвива според мотото: „Сите против еден, сите против Трамп.“ Трамп пак, ќе биде само на еден од двата дена присутен и тешо дека ќе попушти на таквите барања. За него САД мора да биде на прво место како што повторно изјави минатата недела. Меѓународните институции и Г20 тука му се пречка. Трамп сака да ја искористи средбата во Буенос Аирес за да разговара со кинескиот претседател бидејќи сака да постгне билатерален договор, но истовремено се заканува: „Добро ќе ни оди со Кина, тие сакаат да склучат договор по секоја цена. Можеби не ви гон кажуваат тоа, но сакаат. Имам уште 250 милијарди казнени царини кои може да ги воведам ако не постигнеме договор. Веривајте ми дека ќе ги воведам бидејќи Кина со години ја ограбувала нашата земја. Тоа со мене на чело веќе нема да се случува“, изјави Трамп во Вашингтон.

Дали и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ќе има прилика да разговара со Доналд Трамп за казнените царини за возила и челик, не е јасно. Летоска отпочнатите трансатлантски преговори се во статус кво. Јункре го одбива пристапот на САД според кои секој си бил најблизок сам на себе.„Не ми се допаѓа унилатералност, кој нема обѕири за потребите на другите. Секогаш ќе останам мултилатералист од убедување“, изјави Јункер во говорот во септември годинава по повод состојбите во Унијата.

Покрај „шоуто на Трамп“, како што дипломати на ЕУ го означуваат очекуваниот спектакл, во Буенос Аирес ќе има и многу разговори за подобро образование на млади лица работници. Минатата година Германија како претседавач на Г20 посебен акцент стави на Африка. „Пактот за Африка“, кој што беше склучен во Хамбург, бил сосема успешен, смета јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза. Тој неодамна беше во посета на Германија и учествуваше во подготвителна конференција за самитот на Г20. Рамафоза се обрати на германската делегација: „Начинот на кој функционира вашиот систем каде работници, компании и државата соработуваат, е за мене нов прозорец кон иднината. Може да кажеме дека тоа ќе го научиме и ние, но предизвик е недостигот на квалификувана работна сила кој во нашата земја е огромен. Германија може многу да не научи во тој поглед.“

Обуката на стручни кадри можела да биде пример не само за Африка, туку и за други делови од светот, смета Педро Вилагра Делгадо, главниот преговарач на Аргентина. „Ние на Г20 им го покажуваме гледиштето на Југот, перспективата на една земја во развој. Оти ние се уште сме тоа, земја во развој. Тоа пак јасно се оцртува во нашите приоритети.“ А, тие се различни од оние на американскиот претседател Трамп, заклучува Делгадо.

Домаќините се надеваат дека лидерите на светот, кои покриваат повеќе од 80 проценти на глобалниот ГДП и покрај Трамп повторно ќе ги приближат ставовите. „Моја желба е во финалниот документ од Г20 моќните да се обврзат повторно заеднички да работат за доброто на сите.“ Изјавата од Самитот ќе биде донесена вториот ден, кога Доналд Трамп веќе ќе биде заминат. Дипломати на ЕУ во пресрет на самитот велат дека во многу точки имало преклопувања и со делегацијата на САД. На пр.постоижелба заеднички да се реформира Светската трговкса организација. Едно мора да им се признае на Трамп и колегите, а тоа е дека „многу нешта ги раздвижија и доведоа до придвижување во застарените конфликти.“ Водечкиот преговарач на Аргентина, Педро Вилагра Делгардо го сумира неговото мото за претстојниот самит на Г20: „Единствено е сигурно дека се се менува. Статична состојба во меѓународната заедница не постои.“

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO