Даме Чкатроски
Даме Чкатроски

Како и секогаш така и оваа година пишувам по една колумна (бесплатна) за ситуацијата во Македонија и светот. Што тоа било и што тоа не очекува.

За ПРЕСЕДНИКОТ, БАР ЕВЕ НЕКОЈ ЌЕ МУ ПИШЕ

Ситуацијата ни е таа што е. Еве на пример, ако ама, се разубудите во гаќите на Грчкиот претседател одма ќе ве удри едно шубе како тоа Преседникот на Република Северна Македонија по 6 пат е во Анкара за годинава.

Земате телефонот и вртите кај ОНИЕ и им велите-Ало бе ај видете кај Вашиве овие у Скопља што се случува оти нивниот преседник незгодно за нас, патува 6 пати годинава во Анкара.

Ем се сокршиве во Атина и во Скопје да ги направиме односите некако ОК ,овој не дрви со тоа неговото…Анкара де Анкара. Демек не заобиколиле со Турска.

Од другата страна на жицата пак, згодна, добар психолог и оратор госпожа, умирува- Абе Преседниче на Атињаните, па не се склдисувајте, знаете мала вода е господинот. Имено на сите дипломати на секоја вечера со неговата госпожа го критикува зголеменото носење на бурки во Скопје и Куманово како влијание на Ердоган.

Тоа што тој оди во Анкара е дека шверца фармерки и бара да живее во Турција, ако се можи и тоа од мај.

Ќе се смирите после од овој велелепен тон на женскиот глас и ќе си помислите-Ма Турците го знаат дека е мала вода ,а намерно да не дрват, го примаат таму, демек кој знае што прават, а тоа НИШТО.

И продолжувате да се занимавате со бродови,нафти и оние што ги произведуваат гасот и нафтата, да не дадат на друг да ги војза по морињана.

На ова се сведи целокупната надворешна политика на Македонија ако го изземеме договорот со Бугарија и Грција како и примање на сигнали од Брисел.

Сигналите од САД се стелт технологија и за незе не сме заинтересирани али будно примаме и пазиме.Живео САД и Тито.

Да,на тоа се сведи Македонија сакале или не..Да Живее САД и Тито другово брате се е боранија.Сосе сите наши топтан.

За Примиерот Зоран Заев

Многу другари ми велат, абе што не одиш кај Заев онака да го изрибаш 2-3 пати, да му објасниш некакви работи оти ти имаш искуство со ова нашиве политичари па и големите.

Уф,како да им објаснам дека јас не сакам ништо на Заев да му објаснам .

Ги чекам мојте другари да соберат храброст и да му објаснат. Па зошто јас да бидам секогаш лошиот. Ем јас на Заев не сум му лут па да го рибам.

Едноставно човекот си го сакам ем ми е  забавен.

И ми иде одма мислата, денес, а што тоа би му рекол на Зоран Заев. Ок, еве вака- Груевски секогаш и пред се и над се работеше и мислеше за својот рејтинг. Ма од секаква појдовна точка. И се што би смислил е неговиот рејтинг. Сите негови размисли, психологија и политика се сведат на зборот-РЕЈТИНГ.

Да го уруши СДСМ и Зоран Заев од Будимпешта е доволно да се појави на некакво фингирано ТВ интервју и да им зададе еден фамозен ЖБРЦ со изјава- Па, да Будимпешта сум, но тоа е во договор со СДСМ и Зоран Заев. Што? Да не се појави после на полиграф..абе иди бегај.

До овде сите советници на Зоран Заев, знани, звани и незнани не му објасниле дека со било каква НЕпромена во и на законски одговорните лица по институциите, а во врска со бегството на Груевски, во втора фаза ќе ја превземе и носи сета одговорност.

Ма јасно ми е дека Зоран Заев не жртвува така ликови..Но, пред се е политичар, а политичарите посебно пазат на себеси.

Инаку пак Забавата дека Груевски многу знаел за Орбан ме наведува на заклучок дека азилант и затвореник(заложник) ги дели тенка линија.

ЗА НАРОДОТ НА МАКЕДОНИЈА

Инаку пак работите во Македонија се сосема нормални.Имаме ваква власт каква имаме и опозиција, таква каква што имаме во корелација со капацитетот на власта.

За опозицијата веќе е гревота да се зборува. Јас би ги замолил новинарите да пред секој прес на Вмро-Дпмне да прашаат-Кој тоа, лице, го смисли проектот Скопје 2014 или сите зад него колективно стоите/стоевте.

И така секој ден дури не им отече главата. Па после може други новинарски прашања.

Овој што избега го смисли она “Воин на Коњ” или сите тоа колективно. Па време е да дознаеме за основните прашања кој не мачат.

Остајте тоа “Митре од Средорек” за 1000 денари што го молкните да сруши Хунта.

Зима е .Ви предлагам да “анти-хунташките” протести ги одложите за некаде септември до година .

Ако е на пролет, можеме пак грешно да прочитаме, а е во врска со Договорот.

И толку по нив, фазла нити вреди. А, да не заборавам-Лицето што ви го подметна и го организираше Бојкотот сеуште ви е во Белата Зграда. До пролет се надевам дека ќе го отстраните, ради општо весеље и задоволство.

Читајќи белешките и слушајќи  ги актерите на Букурешт 2008 се гледа ист ракопис на Бојкотот 2018.

Што мислите ветрот да не ви дува од кај ..Исток за двата проекти, играта на слогови/зборови и вокабуларот.

Да не имало/има некакви гаранции за НЕ ПРИДРУЖУВАЊЕ..онака се треба да се изваде и да се стави во машината за перење,оти НИШТО НЕ НЕ ПЕРИ.

Македонскиот народ воопшто не е за потценување кога разговараме за кратка меморија. Шампиони.

Доколку нема леб,игри и осудени лица тешко дека ќе заборави до следните избори. E толку шампиони не се.

СДСМ во историјата го спасувал Вмро-Дпмне, а пак Вмро-Дпмне го спасувал СДСМ. Денес работите се уште покомпликувани за/со спас на ДУИ на пример.

Пола Беса и Села можете онака да ги отстраните за 2019. Такви изјави даваат..да се чудам кога ќе добијаат по 2-3 воспитни и од Тирана и од Пришина.

Посебно што алергијата во Приштина и Тирана по релациите со Србија носи да Села биде жртва и тоа онака од прва. Да се види која куќа мрсно и баклави јади.Ова на Села му е јасно?.НЕ, не се секирајте дури не се самоубие политички нема да му биде. После се ќе му е јасно, ама ќе биде доцна за него.

Во 2019 ќе има повеќе пари од 2018. Да, тврдам дека економијата ќе премине 3,7 % зголемување.

Ќе има зголемување на извозот и платите. Платите полека сами ќе почнат да достигнуваат вредност од 400-500 евра. Не заради работата на владата. Абе, нема работници сето се сели во Германија.

Некакви процеси не можат да се контролираат. Владата нема доволно намера да експертските кадри ги пресретне и сочека пред да се “качат” на авион.

Плеткаат без идејно подготвувајќи нови закони за вработувања, систематизации и пак плеткаат.

Нема конкретна интенција да појдат на аеродром и 5-те  доктори кои оваа недела се спремаат за Германија ги задржи овде.

Ако е народот во Македонија за/под кризен менаџмент па не се тоа инситуциите .

Тие се комотни и си ги држат столиците топли.Па и на крај краева кој ли знае дали се тие 5 –те доктори се наши  партиски активисти. А, еден од нив богами е виден и дека не е.

Амнестијата ќе си биде. Се разбира не на наредбодавачите. Прашање е дали изведувачите ќе соработуваат со институциите или не. Е тоа е прашањето на аменстијата/аболицијата и слично.

До деновите пред Нова Година ќе се расправаме со Преседници/кандидати. Денко Малевски, Стево Пендаровски, Никола Димитров и Зоран Заев се реалните кандидати на Али Ахмети. Јас и Али Ахмети се мислиме за последниот само, да не ја заебиме работата.

Другото е јасно. Вмро-Дпмне, а по тестамент/желба  на нивниот за кратко, стратегиски повлечен преседник во Будимпешта ќе исфрли кандидат, лук и вода. Да ни прави забава.

Да сме здрави и живи да си гледаме бавчата и да си ги украсиме за некој ден елките. Остајте крупни политики. За нив има други што се нервираат, а ние тоа не сме.

–––––––––

Автор: Даме Чкатроски-аналитичар

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO