Во Кентбери во Англија, на 66-годишна возраст почина познатиот македонски драмски писател Горан Стефановски.

Стефановски е роден во Битола во 1952 година и е еден од најплодните драмски автори во современата македонска книжевност. Автор е на драмите „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“ и многу други. Беше еден од креаторите на популарната ТВ серија „Бушава азбука“ и е автор на неколку телевизиски драми.

Добитник е на наградите „Стале Попов“, „11 октомври“, „Војдан Чернодрински“, „Стериина награда“. Горан Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

Пред еден месец, на 24 октомври во Софија, на Горан Стефановски му беше доделена почесна титула доктор Honoris Causa од ректорот на Националната академија за театар и филмска уметност (NATFIZ), проф. Станислав Семерџиев.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO