Николаj Василев
Николаj Василев

Како би го определиле човек според кого: „оној што ја „контролира“ историјата, најчесто ја владее и иднината”.

Вашите први асоцијации веројатно ќе се поврзани со замислениот тоталитаризам опишан во книгата на Џорџ Орвел „1984“, или со сосема реалното искажување на Гебелс: „Ако кажете голема лага и ја повторувате долго, луѓето ќе поверуваат во неа“.

Најверојатно ќе го наречете човекот „фашист“. Не затоа што фашизмот злоупотребувал со манипулации на историјата повеќе од останатите тоталитарни режими и многуте обични диктатури, а бидејќи „фашизам“ станало синоним за лага и насилство. (Едвај дали имало термин со кој во минатиот век се злоупотребувало повеќе. Се што не ни се допаѓа е „фашизам“).

Ако сепак ја сретнете изјавата „Кој ја контролира историјата, тој најчесто владее со иднината“, во статија под наслов „Овде фашизмот, просто, не вирее“ би требало да осетите извесна конфузија. Авторот луди ли не прави?

Токму тоа го напишал Сашо Орданоски во една статија со горенаведениот наслов во Civilmedia.mk. Читајќи го материјалот внимателно, разбираме дека авторот сака да ни каже:

„Иван Михајлов ги сметал Македонците за Бугари. Тоj соработувал со Хитлер. Какви ли историски податоци да ни покажувате, си остануваме на мислењето, дека секој што тврди дека Македонците биле Бугари е фашист „.

Дискусијата која ја потресе македонската јавност започна откако новинарот Љупчо Поповски направи паралела меѓу бегството на осудениот поранешен премиер Никола Груевски со бегството на лидерот на историското ВМРО Ванчо Михајлов од Бугарија во 1934 година.

Членот на македонската делегација во Заедничката бугарско-македонска комисија за историските и образовните прашања Александар Литовски подигна дебатата на повисока орбита кога во телевизиско шоу во кое домаќин е истиот Орданоски најави дека: „Историјата е пред се политика. Таа е прашање на сегашноста. Никој не се занимавал со историјата поради минатото! “

Во интервјуто, ниту домаќинот ниту гостинот не покажаа некаква почит кон историските факти. Орданоски објави дека Ванчо Михајлов им служел на интересите на Австро-Унгарија. Литовски го поправи, дека кога Михајлов станува фактор во ВМРО оваа империја веќе не постоела, но не се засрами да изјави дека Бугарија се приклучила кон Тристраниот пакт за да ја завладее Македонија. Едвај ли, како професионален историчар, Литовски не знае дека по многу напори да остане неутрална и по закани Бугарија се приклучила на Пактот на 1 март 1941 година, кога Хитлер и прави понуда и на Југославија, ветувајќи и го Солун. Едвај ли Литовски верува, дека бугарските власти знаеле дека генерал Симовиќ ќе изврши преврат два дена по присоединувањето на Југославија кон пактот и така ќе се отвори можност за влегувањето на бугарите во Македонија!

Со изјавата Литовски го демаскира фактот дека учествува во Заедничката бугарско-македонска комисија за историските и образовните прашања заедно со бугарските колеги не за да ја бара историската вистина преку средствата на научниот метод, а за да води „политика“! Научниот пристап бара од научниците да се сомневаат во било кој авторитет и да подложуваат под сомнеж сè.

Бугарските „антифашисти“ не покажуваат поголема почит кон историските факти. Самото нивно афиширање како такви е груба манипулација со историјата. Познато е дека на 1 март 1941 година БКП не протестираа против присоединувањето на Бугарија во Тристраниот пакт. Некои комунисти дури и подигаат слогани „Сојуз со СССР и прогресивна Германија“. Во моментот на хитлеровиот напад врз Советскиот Сојуз меѓутоа, тие не се колебаат да започнат вооружена војна против сопствената земја. А кога политичарите кои реално се противеа на секаква соработка со Хитлер доаѓаат на власт на 2 септември 1944 година, Георги Димитров го убедува Сталин да и објави војна на Бугарија. „Антифашистите“ ги внесуваат противниците на обврзувањето на Бугарија со нацистичка Германија во затвор и ја канонизираат својата „антифашистичка“ вистина во учебниците!

Изградбата на политичката реалност бара наметнување на одредени верувања. Но, ако тие верувања се невистини, суштествува еден ненадминлив проблем. Дури и многу луѓе да поверуваат во некоја лага, секогаш постои можност дел од нив да ја осознаат неjзината невистинитост.

Тоа неизбежно доведува до поделби и конфликти меѓу „верниците“ и оние кои ја „бараат вистината“.

Ниту Македонија ќе се врати кон речиси постигнатиот консензус во времето на Југославија дека Титовите „антифашисти“ го реализирале вековниот сон на македонскиот народ, ниту кај нас ќе постигнеме единство, додека значајни групи веруваат дека „антифашистите“, со одлучувачката помош на советската армија ја ослободиле Бугарија. А соработката помеѓу Бугарија и Македонија може да се постигне само кога ќе се надминат поделбите од граѓанските војни во двете земји. Крајно време е од двете страни на Осогово да осознаеме дека современата македонска нација е факт, но таа е производ токму на граѓанската војна од првата половина на 20 век.

Развенчувањето на „антифашистичката“ митологија во двете земји не означува ниту сакрализирање на спорни историски личности во Македонија, ниту превознесување на „мудрата“ политика на цар Борис, кој им објави војна на Велика Британија и САД и наивно се надеваще дека Советскиот Сојуз нема да ја нападне Бугарија кога ќе процени, дека може да го стори тоа неказнето.

Историјата навистина треба да му служи денешниот ден, но не за да создава лажни верувања, а за да ни помогне да не ги повторуваме грешките на нашите предци!

Ексклузивно за ТАТКОВИНА и ПРИОРИТЕТИ: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO