Опис: Во 1943 година Елена Јовева, вдовица на струмичкиот војвода на ВМОРО Атанас Јовев од с. Муртино, поднесува документи до Дирекцијата на пензиите на Царството Бугарија за добиване на наследна военоинвалидска пензија, поради големите заслуги на нејзиниот сопруг-револуционер во борбите за Македонија. Молбата е одобрена.

Покојниот учествувал во ослободителното движење на Македонија уште од  старо време. Гоце Делчев најпрвпо се сретнал со него во Муртино. Работи прво како организатор и раководител во селото и блиските села, а по извесно време формира чета на која станува војвода, излегува нелегален до Хуриетот, учествувајќи во неколку борби со турците. Како национален деец, тој се пројавува од многу старо време и неговата историја е многу голема ….

Извор: скенирани од оригинален примерок

Автор: Елена Јовева е сопруга на големиот струмички војвода на ВМОРО – Атанас Јовев од с. Муртино.

За да ја прочитате молбата кликнете овде

Извор: Библиотека Струмски

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO