Посебна комисија ќе оди од врата на врата кај домаќинствата кои се исклучени од системот за парно греење во Скопје за да утврди дали тие станови добивале топлинска енергија според предвидениот квалитет или не.

Проверка ќе се прави во домовите кои се поврзани на хоризонталниот систем, односно каде цевките од парното не поминуваат низ становите. Претставниците на БЕГ и на граѓанското здружение „Но пасаран“ никако не може да се договорат за овие спорни случаи.

„Реално ако овие потрошувачи не добивале услуга, ние сметаме дека нема причина да плаќаат за потрошена топлинска енергија. Доколку се донесе измена на правилата за снабдување, јас верувам дека и судовите ќе ги прекинат и постапките кои се кај овие граѓани“, рече Марко Бислимовски претседател на РКЕ.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO