Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за четири денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 3,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 63 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 65 денари. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 61 денар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 49,5 денари. За 3,307 денари по килограм се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и килограм од тој енергенс ќе се продава по 31,826 денари.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO