Бугаринот Петар Стојчев забележа уште еден голем успех во неговата кариера откако рано утринава победи на првиот организиран пливачки маратон на Антарктикот во должина од 1000 метри. Во близина на островот Тринити, во заливот Микелсон Харбр, бугаринот финишираше со аванс од една минута пред конкурентите, а последните метри дури ги исплива батерфлај. 15 пливачи од 9 земји учествуваа во неверојатно тешкото натпреварување. Типично за овој крај на светот, штом пливачите слегоа од бродот на чамците, започна да врне снег,   а температурата на воздухот варираше околу минус -2 степени. Водата беше минус 0,8 целзиусови степени.

„Многу сум среќен и задоволен од себе. Во последните денови имаше мала напрегнатост поради постојаното одложување на стартот, но ете, сега сè е во историјата и слава богу, Бугарин е шампион на Антарктикот на првата трка. Воопшто не си мислев за на ништо, освен да победам и го дигнав темпото од самиот почеток. Не сакав да ризикувам и да ги решавам работите во последен момент. Затоа си реков дека треба да бидам силен и брз од првата секунда. На крајот, направив и мало шоу, готкако видов дека сум напред со голема разлика, решив да финиширам со батерфлај за радоста на луѓето на бродот. Важно е дека сé помина како што треба „, рече тој.

„Пред да влезам во водата температурата на моето тело беше 37,3 степени, кога стапнав во бродот веднаш ја измерија и термометарот покажа 30,8. Пулсот пред почетокот беше 92 удари во минута, а потоа во еуфоријата заборавив да го измерам. Но, брзо се опоравив и сега се чувствувам прекрасно. Ова е една од моите најголеми победи во кариерата. Само на Антарктикот не сум пливал, а сега сум веќе првиот победник во маратонско пливање на седмиот континент. На бродот има околу 100 луѓе кои ме поздравија за успехот и сега ќе испиеме по чаша вино „, додаде пливачот.

„Му благодарам на мојот тим за поддршката и соработката во текот на целото време на експедицијата. Ни претстои тешко патување за враќање кон сушата. За неколку часа тргнуваме кон Ушуаја (Аргентина), а капетанот нè предупреди дека има големи бранови во протокот Дрејк, а времето е многу лошо. Да сме живи и здрави, по три дена треба да бидеме на аргентинска земја и да заврши сè „, заврши по сателитска врска Петар Стојчев.

Времето за кое Стојчев го исплива растојанието беше 11:08:38 минути. По него финишираше најбрзата жена во ледени води Викторија Мори (Аргентина) – 12:09:31 минути, а трет 30 секунди зад Мори е Диего Лопез од Шпанија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO