Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне повторно изјави дека за него Барселона е најсилниот тим на планетата. Атлетико Мадрид го пречекуваат каталонскиот тим вечерва од 20:45 часот во дуел од 13 коло на Ла Лига.

Барса е лидер со 24 поени, а Атлетико има еден помалку. „Сеуште сметам дека Барселона е најдобриот тим во светот, и покрај тоа што во Европа не сите се согласуваат со мене. Се обидовме да избегнеме повреди пред овој натпревар, загубите ни се минимални. Знаеме колку е важен овој натпревар“, рече Симеоне, цитиран од ʺМаркаʺ. Со актив од 23 поени има уште две екипи – Алавес и Севиља. Алавес изгубија од Леганес синоќа со 0: 1.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO