Косовските Срби денеска на пладне ќе организираат мирни едночасовни протести по повод одлуката на Приштина да воведе такси од 100 отсто на производите од Србија.

Протестите ќе се одржат во Косовска Митровица, Грачаница и Штрпце, а на нив ќе биде побарано од меѓународната заедница да ги принуди косовските власти да ја повлечат одлуката. Претставници на косовските Срби ги известија властите во Белград за планираните собири, нагласувајќи дека не можат немо да ги следат најновите мерки на Приштина. „Нема да дозволиме децата да немаат основни намирници“, изјави градоначалникот на Косовска Митровица Горан Ракиќ, додавајќи дека ситуацијата јужно од Ибар е уште полоша.

Тој истакна дека е можно да има и блокада на патиштата, а протестите ќе се одржат во Здравствениот центар и во Студентскиот центар во Косовска Митровица.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO